Легендарниот Фелер со јасен став: Само еден играч вреди над 100 милиони евра!

rudi feler

Во изминативе неколку години се случува вистинско лудило кога се во прашање фудбалските трансфери и се прават зделки кои лесно ја надминуваат и границата од 100 милиони евра.

Последниот случај е оној со Филипе Кутињо кој од Ливерпул летна за Барселона за сума од 160 милиони евра (120+40 (бонуси)). Нормално за овие големи цифри за играчите има различни реакции, а својот став токму на актуелнава тема го соопшти и легендарниот германски ас, Руди Фелер.

За него има само еден играч кој вреди над 100 милиони евра-тоа е капитенот на Аргентина и лидер на Барселона, Лионел Меси.

-За мене има само еден играч кој вреди над 100 милиони евра и тоа секако е Лионел Меси. Ама, јас пораснав навикнат да бидам изненаден, -порача Фелер.

Facebook Коментари