Поврзете се со нас

Англија

Легендарниот Ѕола не е за ангажман на Лукаку: Повеќе ми се допаѓаше тимот со…

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Челси и легенда на италијанскиот фудбал, Џанфранко Ѕола даде свое видување на последните најави дека „сините“ од Лондон ќе го ангажираат Ромелу Лукаку.

Трансферот на белгискиот интернационалец на „Стемфорд Бриџ“ и тоа како е реална опција и истиот може да се реализира во следниот период.

Челси е подготвен да плати над 100 милиони фунти или околу 130 милиони евра за да го обезбеди потписот на Лукаку, меѓутоа Ѕола смета дека овој тим на Челси, со Тимо Вернер во него повеќе му се допаѓал.

Оваа изјава доаѓа како големо изненадување ако се земе предвид фактот дека Вернер беше најркитикуваниот играч на Челси минатата сезона.

– Љубопитен сум да го гледам, затоа што Челси креира многу шанси, но малку од нив реализира, па јасно е дека им треба напаѓач. Сепак, мене повеќе ми се допаѓаше тимт кој ја освои Европа.

– Можеби Вернер промаши многу шанси, но секогаш беше слободен з асвоите соиграчи и отвараше места за нив. Љубопитен сум, но повеќе ми се допаѓаше тој Челси каков што беше, -изјави Ѕола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни