Поврзете се со нас

НБА

Легендарниот Џонсон посочи кој треба да биде МВП: Нема подобар лидер од него (ФОТО)

Објавено

на

Како што се ближи враќањето на возбудувањата во НБА лигата така се повеќе се зборува за тоа кој треба да ги добие индивидуалните награди за оваа кампања пред се признанието за најкорисен играч (МВП).

Легендарниот ас Ирвинг Меџик Џонсон одлучи да ги искористи социјалните мрежи и да го посочи фаворитот за МВП кој според него треба да биде Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс, екипа која е на првото место во западната конференција.

-Леброн Џејмс дефинитивно е МВП на оваа сезона. Скоро да има просек од трипл-дабл со 25 поени, 10 асистенции и 8 скокови по натпревар. Неговата одбрана е фантастична и нема подобар лидер од него во спортот, -напиша Меџик.

Воедно според Џонсон дебитант на годината е Морант од Мемфис, најдобар дефанивец е Дејвис од Лејкерс, потоа Инграм е играч со најголем напредок, додека Џенкинс од Мемфис е најдобрито тренер во оваа сезона.

Ирвинг немаше одговор или поточно имаше голема дилема за тоа кој е број еден на извршен директор помеѓу Рајли, Вест, Пелинка и Маркс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни