Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Ѕанарди доживеал тешка несреќа и итно е префрлен во болница

Објавено

на

Поранешниот Формула 1 возач, Алекс Ѕанарди, доживеал несреќа додека управувал со својот специфичен „хендбајк“ во Италија, – потврдија медиумите од оваа земја.

Ѕанарди бил итно префрлен во болница со хеликоптер, откако според првичните информации бил удрен од камион во близината на Сиена.

Легендарниот возач во повеќе серии учествувал во трката „Објетиво Триколоре“ како член на италијанската параолимписка репрезентација, а претставникот на истата открил дека Ѕанарди бил свесен кога пристигнала медицинската помош.

Ѕанарди ги загуби двете нозе под колената за време на трка од „Чемп Кар“ (сегашна Инди Кар) серијата, во која има две титули, откако имаше сериозна несреќа во 2001 година.

Во меѓувреме, тој почна да настапува на Параолимпијадите, каде веќе освои четири златни медали во велосипедизам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни