Поврзете се со нас

Шпанија

Легендарниот Чилаверт жестоко го нападна расплаканиот Винисиус: Фудбалот е за мажи! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор имаше трогателно обраќање на вчерашниот прес кој го одржа во Шпанија во ситуација кога неговиот Бразил се подготвува со дуел со „фуријата“, а во обидот да долови како се справува со расистичките навреди, ѕвездата на Реал емотивно се урна и плачеше пред новинарите.

Бразилецот нагласи дека таквите испади прават да има се помалку желба за играње фудбал и веќе размислувал да ја напушти оваа игра, па моќната порака која ја испрати секако надаелку одекна во светската спортска јавност.

Вини нагласи дека ќе остане да игра за Реал Мадрид со цел да ги победи расистите кои сакаат да го видат како страда, но иако огромен дел од фудбалерите застанаа на негова страна, има и такви кои сметаат дека Бразилецот не е цвеќе за мирисање.

Легендарниот Хосе Луис Чилаверт остро го нападна Винисиус за солзите и зборовите кои ги употреби на вчерашниот прес, порачувајќи му дека нема право да се жали во ситуација кога тој прв почнува со провокации.

– Правење цирркус, а првиот кој навредува и ги напаѓа ривалите е токму тој. Нека не биде пе.ер, фудбалот е за мажи!, – гласи бруталната порака од легендарниот парагвајски голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни