Легендарниот Блажевиќ: Модриќ ме расплака…

luca-blazevic

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ го собра најважното признание во изборот на ФИФА на свечената церемонија во Лондон, награда која израдува многумина во Хрватска, како обичниот народ така и многу фудбалски работници.

Во оваа група која му се израдува на успехот е и легендарниот Ќиро Блажевиќ кој како секогаш говореше искрено ои од срце, па дури откри дека заплакал кога го чул Лука како во својот победнички говор го споменува името на Звонимир Бобан.

-Ова е нешто величенствено, Лука може да им биде пример на следните генерации на Хрвати. Покажа како од една сиромаштија и се што мораше да мине да направи нешто големо, најголемо. Тој е на тронот, најдобар на светот и тоа е нешто за кое мора да му се поклониме. Кога видов како Лука зборува за Бобан и поради тоа Звонимир плаче и јас заплакав. И мене не совладаа емоциите. Лука направи многу, но може да се води дебата за тоа кој е најголемиот хрватски играч на сите времиња, -порача Блажевиќ во свој стил.

Facebook Коментари