Поврзете се со нас

Англија

Легендарниот Бат го советува Аморим: Треба да прецрта пет играчи од актуелниот тим

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Ники Бат се задржа 12 години на „Олд Трафорд“ и успеа да освои шест титули во Премиер лигата под водство на Сер Алекс Фергусон, а секако беше дел од тимот кој успеа да триумфира и во Лигата на шампиони.

Поранешниот играч за врска ужива статус на легенда на театарот на соништата поради тоа што беше дел од златната генерација на Ферги, па иако не е познат како човек кој често излегува со критики во јавноста за актуелните играчи, сега доста суптилно му препорача на Рубен Аморим дека треба да се ослободи од пет играчи од првиот тим.

Во ексклузивното интервју за „Ток Спорт“ во кое му беа набројувани актуелните играчи од првиот тим на Јунајтед, Бат издвои петмина од кои клубот мора да се ослободи во најскоро можно време, а интересно на таа листа го нема Маркус Рашфорд.

Англискиот напаѓач изгледа како играч кој е прв прецртан од португалскиот стручњак, но Бат смета дека неговиот пат треба да го следат уште најмалку петмина.

Во набројувањето, Бат го потенцира Мејсон Маунт како играч кој не ги оправдал очекувањата и кој треба да биде ослободен од клубот, но интересно истото го мисли и за актуелниот прв голман на Аморим, Андре Онана.

Легендата смета дека Камерунецот не е доволно квалитетен за да го брани голот на Јунајтед, додека останатите тројца кои тој ги смета за прекубројни се ветераните Касемиро и Ериксен, како и Џони Еванс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни