Поврзете се со нас

Европски првенства

Легендарниот Балиќ не се согласува со Лазаров околу регуларноста на Европското првенство

Објавено

на

Легендарниот ракометен виртуоз Ивано Балиќ е дел од експедицијата на Хрватска како помошник на селекторот Хрвоје Хорват, а во пресрет на последниот меч на „каубоите“ против Холандија, реши да направи своја анализа на овој турнир.

Балиќ смета дека Хрватска се одлучила за сериозен чекор со промена на генерацијата и овој процес сигурно ќе трае уште извесно време, но по последната победа над Исланд, расположението е многу подобро и на работите се гледа доста посмирено во споредба од пред пет-шест дена.

Хрватската јавност беше шокирана на отворањето на втората фаза кога Црна Гора ги победи избраниците на Хорват, а со исклучок на оваа средба, Балиќ верува дека ракометарите се покажале во добро светло, особено против првиот фаворит Данска и Исланд.

– Убаво е чувството по победата над Исланд, но имавме два кикса, од кои оној против Црна Гора е за издвојување. Во ваква ситуација, нормално е што го загубивме стандардот од претходните првенства. Променивме 30 играчи за овој турнир и тука се е јасно, на крајот сметам дека добро се снајдовме со оглед на околностите. Ќе кажам дека сум задоволен со оглед на промените кои ги имавме, момците се фрлаат на глава на теренот и тоа е најважно, – вели Ивано Балиќ за „Индекс“, кој пак не се согласува со Кирил Лазаров и вели дека ова Европско првенство има регуларен тек.

Лазаров во интервју за „Индекс“: Не се исплати да плачеме, првенството е чудно и нерегуларно

– Не би се согласил дека Европското првенство не е регуларно. Такво е какво што е, сите имавме проблеми. Нас не зафати прв коронавирусот, но што може да направите? Мора да се прилагодите и да се снајдете најдобро што можете. Условите се исти за сите. Како фаворити би ги издвоил Данците поради тоа што имаа најмалку проблеми и поради тоа што загубија најмалку играчи за време на турнирот, – завршува Балиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни