Поврзете се со нас

Европски првенства

Легендарниот Асприлја: Италија беше катастрофа, најдобар момент од ЕП се солзите на Роналдо

Објавено

на

Фаустино Асприлја е жива легенда на италијанскиот фудбал и сите го паметат од времето кое го мина во Парма, клуб во кој имаше можност да соработува со Џанлуиџи Буфон.

Токму Џиџи е единствената причина поради која на Асприлја му било жал за раната елиминацијата на Италија на Европското првенство, а правејќи една отворена анализа за се на што се случи досега, познатиот Колумбиец го издвои и Кристијано Роналдо.

– Италија беше катастрофа, главен проблем е тоа што играчите не се доволно добри. Изгледаа како роботи, се движеа онака како што тренерот сакаше. Немаше слобоода во играта, немаше креативност, немаше дриблинзи. Единствено жал ми беше што го гледав мојот пријател Буфон со тажно лице. Џиџи беше топ играч и ако неколку играчи на Италија ја поседуваа страста која тој ја имаше, Италија уште ќе беше на ЕП.

– Досега, има еден играч кој ми привлече внимание на ова Европско првенство, а тоа е Џу Белингам. Иако не е на највисоко ниво, неговиот гол против Словачка беше неверојатен. Исто така, Нико Вилијамс и Ламин Јамал играат фудбал кој навистина ме возбудува.

– Сепак, за мене, момент на Европското првенство се солзите на Роналдо. Може ли да поверувате во тоа. Тој е суперѕвезда, има речиси 40 години и освои се. Има парри, слава и успех, но после промашен пенал плаче како бебе и рони солзи. Тоа е искрена реакција на човек кој ја сака својата земја, – вели Асприлја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни