Легендарниот Агаси „испука“ во свој стил: Не би ги победил Надал, Федерер и Ѓоковиќ ниту за милион години

agassi-federer-nadal

Американската тениска легенда и еден од асовите кој одбележа една ера во светот на белиот спорт, Андре Агаси отворено и без влакна на јазикот порача дека не е им е ниту до колена на Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Оваа спомената тројка веќе долго време доминира во елитниот тенис, а според Агаси тоа е затоа што се премногу квалитетни, истрајни и многу добро знат што сакаат на секој меч и тунир.

-Дали сте ги видели како ја удираат топката од основната линија? Би можел да ја играм таа игра да кажеме 10 минути, а потоа би морал да излезам. Не би можем да ја победам оваа група на Надал, Федерер и Ѓоковиќ ни за милион години. Мојата најдобра форма од минатото не може да се спореди со нивната најлоша. Тоа го прифаќам, не се грижете, -порача Американецот кој во својата кариера освои осум грен слем титули.

Facebook Коментари