Поврзете се со нас

НБА

Легендарниот Абдул-Џабар го „подбра“ Леброн: Такви глупави работи не прават најголемите играчи (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата, Карим Абдул-Џабар испрати критики на адреса на ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.

Абдул-Џабар долги години беше дел од Лејкерс и многу добро знае каква тежина носи овој дрес, но и како се освојуваат пехари со составот од Калифорнија. Во оваа сезона „езерџиите“ имаат високи амбиции и цел да биде шампионите, меѓутоа игрите, резултатите се далеку од посакуваното ниво, а со тоа дефинитивно расте и нервозата.

Тоа влијае и врз Џејмс кој имаше еден неспорски потег во дуелот со Ајзеа Стјуарт од Детроит за што беше казнет од НБА за да потоа на пресметката со Индијана Пејсерс имаше прослава по постигната тројка, таканаречена прослава Big Balls за што беше олеснет со 15 илјади долари.

Лејкерс загуби неверојатен трилер со три продолженија, Леброн заработи казна поради прославата (Видео)

Таа недолична гестикулација за Карим е срамна и според него тоа не треба да го прават играчи кои се најголеми во кошарката.

-Минатата недела Леброн беше казнет со 15.000 долари затоа што изведе танцот Big Balls (Големи мадиња) при победата на Лејкерс. За мене, победата е доволна. Зошто треба да правите глупав, детски танц и да не ја почитувате другиот тим на теренот. Нема никаква смисла. Најголемите играчи не танцуваат, -порача Абдул Џабар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни