Поврзете се со нас

Зимски спортови

Легендарната Вон му се враќа на скијањето

Објавено

на

Фото: Joerg Mitter / Red Bull Content Pool

Линдзи Вон се повлече од натпреварите во алпско скијање во февруари 2019 година, но сега реши да и се врати на големата љубов и ќе се обиде да ја надгради богатата колекција трофеи.

Трикратната олимписка шампионка потврдила дека му се враќа на скијањето по пауза од повеќе од пет години, а посебно мотивирана по успешната операција на коленото, кои и создаваше многу проблеми во текот на претходната етапа од кариерата.

40-годишната Вон веројатно ќе се надева на место во американскиот тим за Олимписките игри во Милано по две години, надевајќи се дека нема да има нови проблеми со повреди.

Вон дебитираше во Светскиот куп со само 16 години, за подоцна да стигне до 82 победи и 137 подиуми, односно четири кристални глобуси во Светскиот куп во алпско скијање.

Американката освои златен медал во спуст и бронза во супер-џи на ОИ во Ванкувер во 2010 година, за во Пјенчанг во 2018 година да обезбеди бронзен медал во спуст.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни