Поврзете се со нас

АТП

Легендарната Моника Селеш му одговори на Ѓоковиќ: Жал ми е за една работа

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ израмни рекорд на Моника Селеш по последниот триумф на Аустралијан Опен, а по мечот со Тејлор Фриц зборувал за легендарната југословенска тенисерка која и самата освојуваше многу грен-слем титули.

Српскиот тенисер истакнал дека Селеш била еден од неговите идоли кога почнувал да тренира тенис, за во меѓувреме да добие одговор од поранешната тенисерка.

– Одамна престанав да ги бројам трофеите на Новак, знаев дека ќе ги собори сите рекорди и ќе постави нови кои ќе бидат тешко достижни за следните генерации.

– Само би сакала да игравме во иста ера, би било убаво да одигравме еден микс-дубл, тоа би било феноменално.

– Ти благодарам Новак на почитта и благодарноста и одиме, освој уште еден трофеј на Аустралијан Опен, – напишала Селеш на Инстаграм.

50-годишната Селеш е родена во Нови Сад, а во кариерата освои девет грен-слем титули, од кои четири во Мелбурн, а до осум од девет стигна под југословенското знаме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни