Македонија
Легендарната Кастратовиќ ќе биде втор македонски член во „Куќата на славните“ (Фото)
Европската ракометна Федерација по повод 30 години од постоењето реши да оформи „Куќа на славните“ во која првично беа вклучени речиси 60 члена, а во првото вакво селектирање во ударната група се најде најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров.
Актуелниот селектор на македонската ракометна репрезентација заслужено се најде меѓу ракометниот крем и доби место во ЕХФ „Куќата на славните“, но овој месец таква чест ќе добие и Индира Кастратовиќ.
Легендарната македонска ракометарка ќе биде придодадена во посебно друштво на свечената церемонија во Виена која ќе се одржи на 14-ти декември, што воедно ќе биде увертира за големото финале на Европското првенство кое се игра овој период.
Индира се најде на листата од 21 ракометари и ракометарки кои ќе добијат место во „Куќата на славните“, што дефинитивно е огромна чест за прославената ракометарка која освои 12 титули во македонското првенство со Кометал Ѓорче Петров.
Кастратовиќ играше и во три финалиња во Лигата на шампионите, а успеа и да излезе како победник во она историското во 2002-ра година кога Кометал стана европски шампион.
🏅New legends of the game inducted into ✨#EHF 𝐇𝐚𝐥𝐥 𝐨𝐟 𝐅𝐚𝐦𝐞✨
2⃣1⃣ former handball players will be honoured at the #EHFExcellenceAwards gala on 14 December in Vienna, for their outstanding achievements and contribution to European #handball!👏🏻👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/XNvXRBcHhb
— European Handball Federation (@EHF_Activities) December 4, 2024
-
Англија17 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија19 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација12 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија10 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
АТП11 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Германија14 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)