Формула 1
Легендарна фотографија со Аиртон Сена ја потврдува неговата тајна на успехот
Најлошо менаџерираната сезона во историјата на Формула 1 веројатно е онаа во 1994 година, кога по подолга пауза во спортот се случија две фатални излетувања, кои ги однесоа животите на Роланд Раценбергер и Аиртон Сена.
Забраната на системот за активна суспензија од страна на ФИА ги остави болидите претерано брзи, но недоволно стабилни, па дури откако се случија несреќите, беа донесени нови правила со кои се намали зафатнината на моторот и почнаа да се градат побезбедни автодроми со широки зони за излетување.
Но, судбинскиот 1 мај од 1994 година и денес ги потсетува љубителите на Формула 1 на најцрниот викенд во историјата на спортот, кога најчесто се потсетуваат на генијалноста на Аиртон Сена, чиј победнички стил овековечен низ маестрални трки против легенди како Прост, Пике, Менсел, а подоцна и против Шумахер и Хил, му донесе епитет на најдобар во историјата.
Бразилецот беше меѓу првите кои освен возачки способности демонстрираше и други квалитети, пред се во физичката подготвеност, блиската соработка со инженерите за постигнување на идеално штелување на болидот, а за своите перформанси на дождливите трки го доби и прекарот „rain man“.
Она што за денешните пилоти во Ф1 е секојдневие, а се работи за виртуелен тренинг на симулатор пред извесна трка, во минатото беше недостапно за возачите од 20 век. Но, токму една фотографија која деновиве е актуелна на социјалните мрежи, ја открива посветеноста на Аиртон Сена како подготовка за една трка. Наместо симулатор, тој всушност е фотографиран како го вози култниот социјалистички автомобил Лада, на патеката Хунгароринг, тренирајќи за првата трка зад таканаречената „железна завеса“, со што Формула 1 влезе во Источна Европа во 1986 година.
Is it Senna day? How about him driving a Lada 1200 to get familiar with the Hungaroring before the first GP in 1986? pic.twitter.com/rYDTakZ7ZB
— Máté Petrány (@petrany) May 1, 2020
-
НБА12 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија6 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија8 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА13 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија10 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Европски купови24 часа
Алкалоид доби голема поддршка од нашата дијаспора во Италија (ФОТО)
-
АТП7 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија13 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..