Поврзете се со нас

Англија

Легендариот Ширер искрено објасни зошто двапати го одбил Фергусон

Објавено

на

Алан Ширер е апсолутен рекордер по бројот на постигнати голови во Премиер лигата и е далеку прв на вечната листа со 260 погодоци, а повеќе од половина ги постигна во дресот на Њукасл.

Легендарниот англиски напаѓач беше нерешлива енигма за противничките одбрани и многумина често му забележуваат зошто не направи трансфер во поголем клуб, особено ако се знае дека двапати во кариерата го одбиваше Сер Алекс Фергусон.

Гери Линекер во најновиот разговор го праша Гери дали се кае што освои толку малку трофеи во својата кариера, бидејќи Јунајтед сигурно ќе му донесеше поголем престиж и далеку побогата витрина со освоени важни титули.

– Навистина не ми е грижа дали луѓето ми веруваат или не, но јас велам дека не се каам за ништо. Ако треба повторно да ја донесам одлуката, повторно ќе ја направам истата, – вели Ширер кој ја освои титулата во Премиер лигата со Блекбурн, клуб од кој подоцна премина во Њукасл.

– Имав неверојатни 10 години во Њукасл, тоа беше мојот клуб од детството, мојот херој беше Кевин Киган и уживав да го гледам. Мојот сон беше да играм за Њукасл, да постигнам гол на „Ст. Џејмс парк“. Рекордите кои ги освоив таму и статуата која ја имам пред стадионот е нешто што не би го заменил за ништо во светот.

– Тоа беше најдобрата можна одлука која ја донесов, знам дека ќе освоев многу повеќе трофеи во Јунајтед, но десетте години во Њукасл беа неверојатно специјални за мене. Јас не сакав ништо повеќе од животот и кариерата, само да играм за Њукасл, – порачува Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни