Легендарен шпански одбојкар починал од срцев удар за време на семејниот одмор

A2-70751907.jpg

Поранешниот шпански одбојкарски репрезентативец, Мигел Анхел Фаласка Фернандез починал од срцев удар за време на семејниот одмор кој го минувал во Италија.

Фаласка Фернандез имаше 46 години, а шокантната вест ги потсети одбојарските фанови не само на неговите квалитети како играч, туку и на фактот што важеше за вистински џентлмен на теренот, нешто што го потврди и подоцна како тренер.

Смртта го затекна како тренер на италијанскиот женски тим Сагвела Монца, а според шпанска „Марка“ трагичниот чин кој не можеле да го спречат ниту лекарите се случил во хотелот во кој Шпанецот престојувал, откако претходната вечер присуствувал на свадба на свој асистент од клубот во кој работеше.

Фаласка Фернандез настапуваше за Шпанија на ОИ во Сиднеј, стана европски шампион во 1997 година, триумфираше на неколку изданија на Светската лига, а имаше и многу индивидуални признанија. Настапуваше за клубови како Модена, Мајорка и Белхатов, освои по три титули во Шпанија и Полска, а три пати играше и на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите на ЦЕВ.

Facebook Коментари