Шпанија
Легендарен напаѓач на Реал: Модриќ попрво ќе го загуби видот, отколку енергијата на теренот!

Лука Модриќ продолжува да ја воодушевува фудбалската јавност на неколку месеци пред да наполни 40 години, па Карло Анчелоти јавно побара од Хрватот да игра фудбал се додека посакува да го прави тоа.
Тренерот на Реал Мадрид остана импресиониран од неговата мајсторија на натпреварот против Џирона, а во низата пофалби за Хрватот се вклучи и еден легендарен напаѓач на „кралевите“, Фернандо Мориентес.
Поранешниот голгетер се издвои од останатите според стилот на кој го опиша Модриќ, па со самото тоа многу брзо се најде во центарот на вниманието.
– Голот на Модриќ против Џирона е еден од оние кои се поретко се гледаат во фудбалот. Постигна гол кога натпреварот доби бавно темпо. Да бидам искрен, веќе почнуваат да ни недостасуваат епитети за да го опишеме Модриќ.
– Мислам дека ова никој го нема кажано за него, но навистина го мислам истото: Попрво ќе го загуби видот, отколку енергијата на теренот! Играчите како него се повлекуваат кога ќе загубат ентузијазам, кога ќе почнат да им недостасуваат одредени работи од приватниот живот. Очигледно кај Модриќ се уште не дошло до тоа, – вели Мориентес во разговорот за „Кадена Копе“
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија14 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Свет16 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет15 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!