Италија
Легендарен италијански репрезентативец го врати Сасуоло во Серија А (Фото)

Фабио Гросо има статус на легендарен италијански репрезентативец поради фактот што беше дел од шампионскиот тим кој го освои Светското првенство во 2006-та година, но речиси две децении подоцна, поранешниот лев бек сега го оствари и најголемиот успех во тренерската кариера.
Гросо од самиот старт на сезоната на извонреден начин го води тимот на Сасуоло, а денеска на пет кола пред крајот на сезоната и математички беше обезбеден влез, или поточно врќање во италијанската елита.
Сасуоло минатата сезона испадна од Серија А после 11 сезони во најсилното друштво, но сега експресно се враќа онаму кадешто припаѓа, и тоа со биланс кој навистина е за голем поздрав.
Денешното реми против Мантова со резултат 2:2 значеше дека Сасуоло сигурно ја завршува сезоната на една од првите две позиции, а сега до крајот на сезоната ќе има за цел да го одбрани врвот и да ја добие титулата за најдобар тим во Серија Б.
Во досегашните 33 кола, Сасуоло оствари 23 победи, 6 реми средби и претрпе само 4 порази, а со гол разлика 73/34 е убедливо најдобар тим во Серија Б.
Гросо избори пласман во Серија А со Фросиноне пред две години, но тогаш не доби шанса да го води тимот во Серија А.
— U.S. Sassuolo (@SassuoloUS) April 13, 2025
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони