Поврзете се со нас

Свет

Легендарен хрватски ракометар е замената за Вујовиќ во ППД Загреб

Објавено

на

Веселин Вујовиќ поради приватни проблеми го напушти ППД Загреб за време на корона кризата и појасни дека остава простор за идна соработка, но клубот мораше да наоѓа решение пред да се случи такво нешто, и мора да се каже дека најде навистина достојна замена, барем кога е името во прашање.

Угледните хрватски медиуми со голема сила ја пренесоа веста дека прославениот хрватски ракометар Игор Вори ќе биде наследник на популарниот Вујо, и тоа откако ја добил довербата од раководството на клубот кое имало една дилема.

Поранешниот македонски селектор Ивица Обрван бил во потесниот список, но на крајот одлуката паднала на легендарниот Вори кој играчката кариера ја заврши токму во Загреб.

Според најавите, прва цел на Вори ќе биде да направи план за летните подготовки за новата натпреварувачка сезона, бидејќи поради кризната ситуација, играчите се распуштени на предвремен одмор.

Неговата промоција како нов тренер е закажана за утре напладне, обраќање при кое ќе дознаеме и повеќе детали од договорот меѓу двете страни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни