Поврзете се со нас

Балкан

Легендарен хрватски голман: Го наплатив долгот од Динамо после 17 години!

Објавено

на

Foto:x.com/gnkdinamo

Хрватските медиуми денеска го пренесоа исказот на Дражен Ладиќ во продолжението на случајот „Браќа Мамиќ и останатите“, обраќање при кое легендарниот голман на хрватската фудбалска репрезентација и некогашен член на Динамо Загреб откри и детали од разговорот кој го имал со Здравко.

Ладиќ пред жупанскиот суд во Осијек открил дека пред извесно време конечно си го наплатил долгот од Динамо и си ги добил парите кои му биле загарантирани според договорот, а всушност инкасирал и повеќе со вклучени камати во речиси две децении.

Поранешниот голман образложил дека Динамо после цели 17 години му го исплатил долгот од договорот кој изнесувал точно 400 илјади евра, но поради целото одлагање и судските парници, на крајот инкасирал нешто помалку од еден милион евра.

Пред главниот судија во Осијек, Ладиќ образложил дека Здравко Мамиќ како претседател на Динамо му нудел 150 илјади евра на „црно“ за да го заборави вкупниот долг од 400 илјади евра, но тој проценил дека најдобро е правдата да ја бара пред судот и законите.

17 години подоцна, екс репрезентативецот се изборил за правда и ги добил паричните средства кои ги заслужува, а откри дека сличен проблем со Мамиќ имале и Роберт Просинечки, Даниел Шариќ, Јошко Јеличиќ, Горан Јуриќ, Миралем Ибрахимовиќ, Миљенко Мумлек и Игор Цвитановиќ.

Во излагањето пред судот, Ладиќ исто така надополнил дека добивал и своевидни закани од Мамиќ да ги прифати понудените 150 илјади евра, при што од поранешниот прв човек на Динамо бил наречен и „ненормален монструм“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни