Свет
Легендарен фудбалер ќе ја води Украина на гостувањето во Скопје (Фото)

Македонија со победа над Малта ги отвори новите квалификации за Европско првенство, но по триумфот над Малта во месец март, сега следат два тешки предизвици за избранците на Боби Милевски.
Нашиот најсилен тим на 16-ти јуни ќе ја пречека Украина на домашен терен, а потоа ќе гостуваме против Англија на „Вембли“ за затворање на јунскиот квалификациски прозорец.
Македонија сигурно повеќе шанси за поволен резултат гледа против Украина која ќе гостува во Скопје, селекција која на „Тодор Проески“ ќе допатува со нов селектор.
Украинската фудбалска репрезентација денеска го објави името на перманентниот селектор, откако досега оваа улога привремено ја извршуваше Руслан Ротан.
Нов селектор на Украинците е добро познатиот Сергеј Ребров, легендарниот напаѓач на Динамо Киев кој во кариерата настапуваше и за Тотенхем и Вест Хем.
Ребров ја гради својата тренерска кариера веќе неколку години и последно имаше одлични резултати во Ал Аин, клуб кој го ослободил порано за да го добие првиот селекторски предизвик во својата родна земја.
Сергеј потпишал тригодишен договор со Федерацијата на Украина, па планот е да ја води селекцијата најмалку до Светското првенство 2026-та година.
📑 Serhiy Rebrov's сoaching staff in the national team of Ukraine.
Vicente Gómez
Alberto Bosch
Unai Melgosa
Glib Platov
Rustam Khudzhamov🤝 Contracts with the head coach and his staff are valid until July 30, 2026. pic.twitter.com/O4npjbTP50
— Ukrainian Association of Football (@uafukraine) June 7, 2023
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата