Легендарен британски атлетичар откри дека е геј

colin-jakcson

Долги години по завршувањето на успешната атлетска кариера и во моментите кога работи како стручен коментатор на „Би-Би-Си“, Колин Џексон откри пред медиумите дека е хомосексуалец.

Велшанецот кој настапуваше како претставник на Велика Британија гостувал во емисија на шведска телевизија каде потенцирал дека не сакал порано да открива дека е геј за медиумите да не го искористат за сензационалистички цели.

Џексон открил и дека својата вистина одамна им ја соопштил на родителите кои го изненадиле со својата коректна реакција, нешто што му било многу важно.

Во светот на атлетиката, Колин Џексон ќе биде запаметен како двократен светски шампион во дисциплината 110 метри со пречки каде беше и сопственик на светски рекорд повеќе од една деценија, а во истата има и олимписко сребро како и 12-годишна доминација на европските првенства. Џексон се уште е сопственик на светскиот рекорд на 60 метри со пречки.

Facebook Коментари