Поврзете се со нас

Италија

Легенда на Рома ќе ја преземе Фиорентина од следната сезона

Објавено

на

blank

Раководството на Фиорентина веќе знае кој тренер ќе ја води екипата следната сезона, а тоа е играчката легенда на Рома, Даниеле Де Роси.

Според угледниот новинар, Џанлука Ди Марцио, поранешниот капитен на „волчицата“ ќе ја започне тренерската кариера во Фиренца и во еден од најреномираните италијански клубови.

Де Роси ја заврши фудбалската кариера во јануари како играч на Бока Јуниорс, а ако се официјализира информацијата, ќе ги следи стапките на својот татко, кој бил долгогодишен тренер во младинската академија на Рома.

Претходно за позицијата се споменуваше Лучијано Спалети, но тој се уште заработува од договорот со Интер кој му трае до 2021 година, а Фиорентина може да има потешкотии да ги исполни и неговите финансиски побарувања.

Од друга страна, Де Роси веројатно ќе биде задоволен поради укажаната шанса и можноста да дебитира како тренер во член на Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни