Поврзете се со нас

Шпанија

Легенда на Реал за Мбапе: Клубот мора да учи од грешките…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Килијан Мбапе е еден од најдобрите играчи на светот и секој клуб на светот би сакал да го има во своите редови особено во ситуација кога нема да мора платите никаков обештетување за неговите услуги.

Тој си заминува од Пари Сен Жермен по крајот на сезонава и иако тоа се уште не е официјализирано наредна дестинација ќе му биде Реал Мадрид со што конечно ќе се стави крај на една драма, сапуница која трае веќе со години. Флорентино Перез конечно ќе го добие тоа што го посакува, а Килијан ќе заигра за клубот кого многу го сака и почитува, клуб кој има најмногу пехари во Лигата на шампионите, трофеј кој напаѓачот досега го нема освоено.

Мбапе е фудбалер од светска класа и неговите квалитети не се спорни, но дефинитивно ќе мора да видиме како ќе се вклопи на теренот и дали во Реал ќе мора да игра како деветка со оглед на тоа што Винисис Жуниор е одличен на таа лева крилна позиција.

Емануел Пети за „АС“ веќе посочи дека голгетерот може да биде проблем за Реал, а некогашниот член на клубот, човек кој одигра преку 200 натпревари, Иван Елгера исто предупредува за случно сценарио, поточно смета дека шпанскиот великан мора да внимава да не му се повтори сценариото од Галактико ерата со ѕвезди како Роналдо, Фиго, Зидан, Бекам кога и покрај звучните имиња резултатите не беа онакви какви што сите очекуваа.

-Може да биде, она што се случува е дека треба да се видат грешките што беа направени, имаше многу бројки и многу добри играчи… но ништо не беше освоено. Во Мадрид е важно да се победи секоја година. Прекрасно е да ги имаш сите тие играчи, но мора да знаеш да балансираш со добар состав. За Мбапе да дојде во Реал Мадрид би било импресивно засилување и нагоре би било тешко да се победи, -порача Елгера за „ДАЗН“.

Пети: Мбапе може да биде проблем за Реал, има толку многу…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни