Легенда на Ливерпул не верува дека клубот ќе го повтори историскиот подвиг на Арсенал: Сигурно ќе изгубат…

liverpool

Поранешниот легендарен фудбалер на Ливерпул, Џон Барнс верува дека „црвените“ нема да го повторат историскиот подвиг на Арсенал кој сезоната 2003/04 во Премиер лигата ја заврши без пораз.

Барнс сметка дека Ливерпул во следните 13 кола колку што се останати од Премиер лигата сигурно ќе претрпи пораз на некој натпревар.

Избраниците наЈирген Клоп досега имаат одиграно 25 натпревари во Премиер лигата и имаат неверојатен биланс од  24 победи и едно реми.

– Мислам дека може да ја завршат сезоната без пораз, но не верувам дека ќе биде така. Верувам дека ќе загубат еден натпревар, но и покрај тоа тие ќе ја освојат титулата без никаков проблем. На крајот на денот, не  еважно да се заврши без пораз, туку важно е да се освои лигата. Не верувам дека ќе кикснат против Норвич овој викенд, но сигурно ќе бидат поразени до крајот на сезоната, -изјави Барнс кој го носеше дресот на Ливерпул од 1987 до1997 година.

Facebook Коментари