Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Ливерпул: Кулибали ни е потребен, ама…

Објавено

на

Премиерлигашот Ливерпул во овој преоден рок повлече неколку потези, ги доведе Костас Цимикас, Тијаго Алкантара и Диего Жота со што дефинитивно ја освежи екипата.

Меѓутоа се уште останува отворено прашањето дали ќе биде донесен нов централен дефанзивец со оглед на тоа што Дејан Ловрен премина во Зенит. Во изминативе месеци се споменуваа доста имиња, ама во моментов е тивко на тоа поле со тоа што „црвените“ во последниве години се познати по тоа што знаат добро и брзо да завршат одреден трансфер и истиот буквално од никаде да биде објавен.

Дали ќе биде така ќе покаже времето, а во меѓувреме легендата на клубот, Стив Никол проговори за можноста Калиди Кулибали да пристигне на „Енфилд Роуд“. Стоперот на Наполи е едно од имињата кое често се поврзува со „црвените“, ама проблем е трансфер обештетувањето кое го бара калчолигашот.

Никол смета дека Ливерпул треба да се обиде да го донесе Кулибали под услов тоа да е по разумна цена.

-Ако се работи за права сума на пари. Ама тие бараа луда сума на пари. Претседателот на Наполи е добро познат по тоа што е тежок за преговарање. Ако се луди пари нема шанси да се реализира, ама би сакал тоа да се случи. Дечкото е апсолутно во врвот на кариерата, тој е одличен стопер. Било кој тим на планетата би сакал да го има ова момче, но тоа зависи од парите.

-Мислам дека Наполи ќе бара премногу пари, па мислам дека тоа нема да се случи. Би било убавода се реализира, -вели Никол за кого позицијата стопер е онаа која треба да се корегира во неговата поранешна екипа.

-Единствен прашалник е централен дефанзивец. Гомез не ја започна добро сезоната, исто и Ван Дајк. Доколку има список со желби, тоа би бил друг играч од типот на Ван Дајк, доминантен стопер кој е цврст и знае да игра. Тоа би бил списокот со желби, но да бидам искрен, не треба да се жалиме, Ливерпул не е во лоша позиција, -заврши Стив кој 13 години го носеше дресот на англискиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни