Легенда на Ливерпул: Клоп мора да освои титула во оваа сезона

klop-kristal

Англискиот прволигаш Ливерпул веќе неколку години или поточно од 2012 е без никаква освоена титула дали во домашните натпреварувања или во европските купови, но многумина се оптимисти дека токму во оваа сезона тоа може да се промени, а причината за тоа се одличните настапи и резултати на „црвените“ на почетокот на кампањата.

Клубот од „Енфилд Роуд“ ги доби сите натпревари (Премиер лигата и Лига на шампионите) со тоа што вечерва ќе има нов предизвик во лига Купот против Челси. Токму во пресверт на оваа средба се огласи легендата на Ливерпул, Фил Томпсон притоа испраќајќи му директна порака на теренрот Јирген Клоп.

Томпсон смета дека клубот мора да освои трофеј во оваа година и да се прекине постот, па макар истиот бил освоен и во лига купот.

-Би било прекрасно, би сакал тоа да го направат и тоа е трофеј. Јирген мора да освои трофеј оваа година. Со оглед на квалитетот на тимот што сега го има, мора да освои титула. Тоа му дава одлична можност и јас со задоволство би го земал Карабао купот, но мора да погледнете кои се вашите приоритети, тоа е она што повеќето менаџери го прават и прават промени во овие рани рунди. Јас тоа го кажувам, голем број на менаџери низ годиниве од топ шест, играа со послаби тимови размислувајќи на тоа дека ако бидат елиминирани ќе имаат подобра шанса во Европа или во Премиер лигата. Тие очигледно не сакаат да бидат елиминирани во раната фаза, тоа не е многу убаво, но подоцна во сезоната ќе го видат како Божји дар, -рече Томпсон кој го носеше дресот на Ливерпул од 1971 до 1984 година.

Facebook Коментари