Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Ливерпул: Алисон ќе биде засрамен ако директно се врати во првиот тим

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул игра одлично под водство на новиот менаџер Арне Слот и успеа да направи солидна предност на табелата во однос на ривалите за титулата во Премиер лигата.

„Црвените“ не избегнаа проблеми со повреди, а првиот голман Алисон Бекер поради таа причина ги пропушти последните натпревари и овозможи вистински блесок на неговата замена, Кевин Келехер.

Бразилецот наскоро треба да се врати во тимот, но клупската легенда Џон Олдриџ потенцира дека Слот не треба веднаш да го врати Алисон во првиот тим и дека на првиот голман сигурно ќе му биде незгодно ако се случи такво нешто.

– Келехер беше одличен и мислам дека Слот има тешка задача да донесе одлука наредниов период.

– Кога Алисон ќе биде фит, не сум убеден дека е фер веднаш да се врати во стартниот состав.

– Келехер бранеше првокласно, не правеше грешки и мислам дека Алисон го знае тоа, ќе биде малку засрамен ако директно се врати во тимот.

– Фудбалот е таков. Ако постигнуваш голови, остануваш во тимот, ако не примаш голови, остануваш во тимот. Ќе биде интересно, а и многу тешко за менаџерот да одлучи, – рекол Олдриџ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни