Италија
Легенда на Јувентус шокирана од изјавата на Мота: Навистина непријатно ме изненади
Тиаго Мота почна да добива први критики како тренер на Јувентус, особено откако актуелниот предводник на тимот посочи дека не чувствува опсесија да победува на секој натпревар како предводник на „старата дама“.
Оваа негова изјава одеше во насока на тоа дека презема тим кој претрпе огромни проблеми изминатово лето, но фактот што реши да излезе со таква изјава во ситуација кога Јувентус тргна во битка за трофеј му донесе навистина негативна репутација.
Алесио Такинарди како легенда на Јуве потенцира дека Мота пренел исклучително погрешка порака во јавноста и воедно до своите играчи, бидејќи во негово време било незамисливо еден тренер од таков калибар да дава такви изјави пред едно полуфинале со Милан.
– Чувствувам дека овој тим нема опсесија да победува на секој меч……….
– Тоа беше изјавата која ја даде Мота и која ги поделува играчите кои го носеле овој дрес како мене цели 11 години. Јас и моите соиграчи бевме опседнати да победуваме, дури и на натпреварите кои ги игравме на тренинг. Затоа мора да признаам дека сум непријатно изненаден кога го слушам Тиаго Мота со таква изјава во јавноста, – вели Алесио.
Такинарди се задржа 11 години во Торино и одигра 404 официјални натпревари за првиот тим на Јувентус, етапа во која играчот за врска освои 14 титули, од кои една во Лигата на шампиони и пет во Серија А.
-
Светски првенства15 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија12 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија24 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал