Легенда на Јунајтед откри како реагирал Фергусон по кунг-фу ударот на Кантона

cantona-kung-fu

Ерик Кантона остана запаметен како голем фудбалер и вистинска легенда на Манчестер Јунајтед, но исто така и по контроверниот потег на гостувањето кај Кристал Палас кога со кунг-фу удар нападна домашен навивач.

Неговиот соиграч Ли Шарп, кој исто така ужива голем респект на „Олд Трафорд“, деновиве проговори за споменатата ситуација, односно реакцијата на Алекс Фергусон по завршувањето на тој натпревар и неговиот говор во соблекувалната.

– Седевме во соблекувалната со спуштени глави, никој не помислуваше да каже ниту збор. Фергусон влезе бесен како рис, ја тресна вратата, ја соблече јакната и ги подврати ракавите. Низ ушите му излегуваше пареа, а во устата имаше пена од што беше лут. Чаши со чај, сендвичи… се леташе низ соблекувалната. Сите бевме погодени со сендвичи со јајца, само се погледнавме меѓу себе и помисливме „Уф, Кантона сега е готов“.

– Фергусон тогаш почна со лекцијата: Палистер, не знаеш да играш со глава, не знаеш да стартуваш, Инси каде беше ти на натпреварот? Шарпи, па мојата баба трча побрзо од тебе, сите вие сте .бена срамота, утре ќе ве уништам на тренинг. И да, Кантона сине, не можеш да одиш наоколу и да правиш такви работи, – ја открива Шарп бесната реакција на Фергусон кој остана запаметен како легендарен менаџер и кој очигледно и во оваа ситуација повеќе беснеел на фудбалските проблеми на својата екипа.

Facebook Коментари