Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Јунајтед: Аморим претера, покажа непочитување кон Рашфорд

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Маркус Рашфорд вчере пред полноќ го комплетираше трансфер во Астон Вила и стави крај на голготата која траеше два месеци, период во кој напаѓачот беше потполно изолиран, но на моменти и понижен од менаџерот Рубен Аморим.

Португалецот целосно го отстрани Рашфорд од своите планови и даде низа зајадливи изјави околу непрофесионалниот пристап на Маркус, па дури нагласи дека попрво ќе заигра тренерот на голманите, отколку некогашниот голем талент од академијата на Јунајтед.

Сето ова го натера Маркус да си бара нова средина и истата ја пронајде во Бирмингем, а откако се комплетираше зделката, пристигна една интересна изјава и од Микаел Силвестре.

– Мислам дека Аморим ја премина границата со Рашфорд, тоа што го направи беше премногу, покажа непочитување. Можеш да покажеш од време на време дека ти си шефот, но комуникацијата мислам дека беше претерана.

– Едно е да не селектирате некого, но сосема друго да се обраќањате на таков начин. Да зборувате така за дете кое од 9 години е во Манчестер Јунајтед во јавноста е претерано. Може да му кажете што мислите, но направате го тоа приватно. Таквите зборови во јавноста не му направија услуга ниту нему, ниту на клубот, ниту на Рашфорд, – потенцира Силвестре, легендарен фудбалер кој освои четири титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампиони како член на Јунајтед.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни