Свет
Легенда на Челси му се поклони на Белингам, Џуд се прскаше од смеа: Јас се уште пиев млеко од мајка ми на 20 години! (Видео)

Џуд Белингам доживува стратосферски раст во Реал Мадрид и напредокот кој го бележи е неверојатен, па покрај воодушевувањето кое владее во мадридската јавност, еуфоријата полека се префрла и во Англија.
Последните блескави изданија за репрезентацијата полека го претвораат Џуд во играч број еден во тимот на Герет Саутгејт, а откако вчера беше избран за играч на мечот на дербито против Италија, доби низа комплименти од познатиот соговорник кој го имаше по натпреварот.
Џанфранко Ѕола остана импресиониран од играта на 20-годишниот фудбалер, па за време на емитувањето во живо даде и една изјава која брзо стана вирален хит.
– Знам дека ќе се смеете, но морам да го кажам ова. Јас се уште пиев млеко од мајка ми на 20 години!…., – порача Ѕола, а рамнодушен не остана и Џуд.
– Кога Англија губеше, тој секогаш ја бараше топката и пробуваше нешто да се случи. Тој се избори за пеналот, потоа имаше асистенција за гол, вакви квалитети ретко се гледаат на фудбалски терен. Навистина сум импресиониран, дури и кога зборува. Начинот на кој зборува е навистина мирен и постојано е избалансиран. Вели дека сака да учи, а тоа е она што сакате да го слушнете од 20-годишен фудбалер. Не сум видел многу 20-годишници како него, – изјави Ѕола кога Белингам го напушти студиото на теренот.
Nobody expected Zola to say that to Bellingham 😂 pic.twitter.com/t3otdHq8r2
— Italian Football TV (@IFTVofficial) October 18, 2023
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 9 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 19 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Боречки спортовипред 21 час
Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Францијапред 24 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума