Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Челси: Крај на приказната, овие играчи немаат срце и памет!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Франк Лебеф беше дел од златната генерација на Франција која ги освои титулите на Светското и Европското првенство во 1998-ма и 2000-та година, а во тој период, тој беше стандарден играч во редовите на Челси .

Поранешниот дефанзивец мина убави пет години на „Стемфорд Бриџ“ и важеше за играч кој остава последен атом од силите на теренот, нешто што дефинитивно не може да се препознае кај актуелните ѕвезди на Маурисио Покетино.

Аргентинецот за првпат беше доста дрзок кон своите фудбалери и ги нападна по ремито со Барнли, додека Лебеф беше уште пожесток и заклучи дека клубот не може да оди подоле од ова.

– Не знаете колку сум бесен, сезоната беше готова во секој случај, но да не победите против Барнли…… Дури и во ситуацијата 11 на 10! Наместо лесно да победат, тие исчезнаа од теренот.

– На крајот, Барнли имаше пречка и требаше да победи со 10 играчи на теренот. Ова е крај на приказната за мене, нема потреба повеќе да се зборува за овој тим. Секоја чест за фановите кои се уште одат на стадионот, овие играчи не го заслужуваат тоа. Немаат ниту срце, ниту памет, едноставно не знаат што прават на теренот. Тоа што го прават е недоволно за сите оние кои го сакаат Челси, – потенцира Лебеф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни