Поврзете се со нас

Германија

Легенда на Баерн: Хенес ми се јавува од непознат број и ме навредува со минути

Објавено

на

Ули Хенес како поранешен претседател на Баерн Минхен не може да ги заборави навиките, па така постојано се јавува со изјава поврзани за својот сакан клуб и сега како екс мандатар се наоѓа во фокусот со своите изјави без влакна на јазикот.

Хенес вчера ја нападна Барселона за начинот на кој функционира и за него несфатливо е како каталонците имаат пари за трансфер на Левандовски кога должат повеќе од една милијарда, но денеска се најде во фокусот на германската јавност поради изјавата која ја даде легендарниот Лотар Матерус.

Неверојатниот Лотар доста често го критикува Баерн како експерт за „Скај“ и како легенда на Баерн влезе во медиумска војна со Салихамиџиќ и Кан доведувајќи ги во прашање нивните трансфер потези, но сега самиот открива дека мора да го трпи и Хенес.

– Кога телефонот ми ѕвони во недела наутро и видам дека е анонимен и непознат број, знам дека тоа е Ули. Хенес секогаш ми се јавува по натпреварот во сабота и ако Баерн загубил, тогаш ми вика и ме навредува со минути. Јас не можам да дојдам до збор, зборува само Ули и тоа е неверојатно. Само зборува и се кара сам со себе, а кога ќе остане без здив, ќе му порачам: може ли јас да кажам нешто.

– После тоа зборува уште една минута и кога ќе видите дека поминале 15 и 20 минути во разговорот во кој само тој зборува, тој застанува и вели: Ајде помини кај мене во Тегернзе да пиеме по некоја чаша вино, – открива Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни