Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча

Објавено

на

Пол Мерсон обично се занимава со опсежна анализа на Арсенал како жива легенда на клубот од Северен Лондон, но поранешниот англиски репрезентативец сепак не успеа да остане тивок и на најактуелната тема на Островот.

Манчестер Јунајтед се прикажа во ужасно издание на „Ст. Џејмс парк“ и одигра натпревар на кој целосно беше надигран од Њукасл, па иако главна цел на критиките беа самите фудбалери, Мерсон смета дека во вакви услови, долго нема да издржи и Ерик Тен Хаг.

Во својата последна анализа за „Спортскаеда“, Пол Мерсон прогнозира дека Холанѓанецот ќе биде отпуштен ако не освои ниту еден бод на следните три меча, а тоа се пресметки со Челси и Борнмут во Премиер лигата, како и Баерн Минхен во Лигата на шампиони.

– Не претерувам кога велам дека натпреварот меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед беше еден од наједностраните кои ги имам гледано во историјата на Премиер лигата. Сметам дека Јунајтед изгледаше засрамувуачки, бев шокиран од тоа како играчите на Јунајтед не сакаа да работат на теренот. Сега им следи меч со Челси, Јунајтед знае да се појави на вакви натпревари и да покаже дека се уште „плива над вода“, но сега тоа им треба повеќе од било кога.

– Ако загубат од Челси, Борнмут и Баерн Минхен, не гледам како Тен Хаг ќе си ја задржи работата во Јунајтед. Сепак, не верувам дека ќе дојде до тоа. Сметам дека Јунајтед ќе го победи Борнмут и може да направи нешто добро во натпреварот во кој Баерн не брка ништо. Исто така, очекувам реакција и на дербито со Челси. Очекувам натпревар со многу голови и типувам конечни 3:3, – потенцира Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни