Англија
Легенда на Арсенал со жестока реакција за „линчот“ кој го добива Рашфорд: Сакате да гледате како пропаѓа еден млад човек
Маркус Рашфорд наиде на жесток медиумски „линч“ откако беше изоставен од Рубен Аморим на два натпревари во низа, бидејќи речиси цела англиска јавност и голем дел експерти почнаа да го опишуваат како играч чиј најдобри денови се зад него.
Како што стојат работите, повеќе од веројатно е дека кариерата на Рашфорд во неговиот матичен клуб е завршена, но Јан Рајт е шокиран од заклучоците кои се изведуваат, особено за играч кој има само 27 години.
Легендата на Арсенал потенцира дека фудбалските патишта не завршуваат на театарот на соништата, па смета дека Рашфорд може да успее во било кој друг голем клуб, исто како што тој го правеше тоа своевремено во Арсенал.
– Јас пристигнав во Арсенал на 28 години, а вие очекувате да отпишам играч со квалитети на Рашфорд кога има 27 години?
– Многумина од вас очајно посакуваат да гледаат како еден млад човек пропаѓа за потоа да велите дека сте биле во право. Сите вие би зграпчиле само 1 процент од кариерата која ја има Маркус досега!, – им порача Рајт на критичарите.
-
Светски првенства22 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства21 час
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија21 час
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија23 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Шпанија23 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Свет23 часа
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)
-
Светски првенства9 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
Шпанија22 часа
Угледно шпанско радио: Анчелоти става крај на етапата во Реал