Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Арсенал открива: Веќе водев разговори за да станам дел од стручниот штаб на Артета

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Санти Касорла се врати во матичниот Овиедо за да му помогне во последните играчки денови од својата кариера, а пред да донесе конечна одлука за следниот чекор, легендарниот играч на Арсенал денеска ќе игра плејоф полуфинале за влез во шпанската прва лига.

Овиедо ќе игра два натпревари против Еибар и ако победи ќе остане на чекор од Примера, но шпанските медиуми веќе почнаа да го подготвуваат Касорла за неговата следна етапа во животот.

Касорла е жива легенда на Арсенал и сигурно ќе сака да остане активен дел од фудбалот по крајот на кариерата, па сега и самиот откри дека веќе воспоставил контакт со Микел Артета.

– Имав среќа да му бидам соиграч на Артета и сега тој е лидерот на тимот. Ќе бидам искрен, веќе имавме конверзации за тоа да станам дел од неговиот стручен штаб.

– Нема да кажам повеќе, нека остане на ова. Во моментов сум фокусиран само на Овиедо и на последната етапа како играч. После тоа, ќе видиме што ќе ми донесе иднината. Арсенал секогаш ми ја остави вратата отворена за враќање и ќе видиме што ќе се случи, – открива Касорла.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни