Леганес поведе со невообичаен гол, Реал возврати со фантастична акција (Видео)

casemiro-pogodok

Леганес одлично го започна натпреварот против Реал Мадрид откако Бустинца постигна погодок во 6. минута, но гостите во продолжение направија целосен пресврт во заостанатиот натпревар од шпанското првенство.

Интересно е што Бустинца го постигна голот со пожртвувана реакција и откако избивањето на Тео Ернандез заврши во неговото тело, ситуација која ретко се гледа на фудбалските терени.

Преку Лукас Васкез, Реал израмни, а Касемиро го комплетираше пресвртот за водство од 2:1 за гостите, откако реализираше по фантастичната акција во која учествуваа Бензема и Лукас.

Facebook Коментари