Ледениот Финец во акција: Кими победи во Остин, па му постави урнебесно прашање на Хамилтон по трката (Видео)

kimi-fer

Кими Раиконен ги вози своите последни трки како член на Ферари, а изминатава вечер сосема заслужено стигна до голема победа во САД и ги израдува сите свои фанови кои доста време чекаа да го видат Финецот на највисокото место на пиедесталот.

Финецот ја оствари првата победа по 2013 година и на најдобар можен начин го искористи својот добар старт кој го имаше на трката за ГН на САД, но покрај тоа што беше спектакуларен на патеката, „ледениот“ Кими воодушеви и по крајот на трката.

Во моментите кога зборуваше со Ферстапен за етапите од трката, во разговорот им се вмеша и Хамилтон, а Кими му постави урнебесно прашање, на кое доби краток одговор од Британецот.

– Ја освои ли титулата? , – запраша Кими, по што следеше само одречно „Не“ од Хамилтон кое ги изнасмеа сите присутни во собата.

Facebook Коментари