Ледецка е олимписка кралица: Чешката гордост испиша историја со злато во два различни спорта

ledecka1

Чешката олимпијка Естер Ледецка освои златен медал во дисциплината паралелен велеслалом во сноубординг и стана првата спортистка на зимска олимпијада која освоила две злата во различни спортови.

Импресивната Ледецка на 22-годишна возраст најпрвин ги шокираше ривалките во алпско скијање откако го освои првото место во супер велеслалом со позајмени скии, а утринава го освои златниот медал и во дисциплината во која имаше и најголеми амбиции и за која впрочем најмногу се подготвуваше.

Ледецка е петтата олимпијка во историјата која освоила два златни медали во различни спортови, но претходните четири спортисти тоа го направија во различни нордиски дисциплини, додека чешката гордост е прва која дошла до прво место во дисциплини од комплетно различно натпреварување.

Во сноубординг натпреварувањето таа зад себе ги остави Селина Јорг и Рамона Хофмајстер од Германија.

Facebook Коментари