Поврзете се со нас

Шпанија

Лед во крвта: Окампос изведе еден од најоткачените пенали во последните неколку години (Видео)

Објавено

на

Црвениот аларм полека се вклучува на „Рамон Санчес Писхуан“ бидејќи Севилја може да заврши во опасната зона по крајот на оваа рунда, бидејќи тимот од Андалузија доживеа нов шок на домашен терен.

Кике Санчес Флорес предизвика позитивно влијание само на првиот меч на кој славеше Севилја над Гранада, но вчеравечер пристигна третиот пораз во низа и станува јасно дека андалузискиот великан е во големи проблеми на средина од сезоната.

Севилја е на само еден бод од црвената линија и игра очајно лошо веќе со месеци наназад, а синоќа на домаќините не им помогна ниту мангупскиот пенал на Лукас Окампос.

Аргентинецот изведе еден од најоткачените пенали во последните неколку години и постигна гол без да гледа во топката, но иако покажа огромна храброст и тоа го направи при резултат 1:2, на крајот тоа не беше доволно ниту за бод.

Со неговиот погодок, Севилја израмни на 2:2 на осум минути пред крајот, но Дуарте донесе огромна победа за Алвес во 90-та минута и ги замолкна сите присутни на стадионот.

Пеналот на Окампос погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни