Поврзете се со нас

Италија

Лече со негатива пред реваншот против Венеција, Читадела со лекција за Монца во плејофот

Објавено

на

Лече загуби на гостувањето кај Венеција (1:0) во првиот натпревар од плејоф баражот во Серија Б, па актуелниот Бобан Николов и поранешниот македонски репрезентативец Леонид Жута ќе треба да бркаат негатива на реваншот.

Венеција победи со голот на Фонте од 47. минута, Николов доби шанса во вториот дел, додека Жута остана на клупата, па Лече кој беше подобро пласиран на табелата во регуларниот дел мора да оди на победа на вториот натпревар на „Виа дел Маре“.

Претходно, Читадела ја изненади Монца, победувајќи ја со 3:0, со што го оддалечи тимот на Силвио Берлускони од борбата за влез во Серија А.

Балдини постигна хет-трик за домаќините, а Балотели и соиграчите не успеаја барем да ја намалат негативата и ќе имаат тешка мисија на реваншот во ова полуфинале.

Победниците од полуфиналните двомечи ќе играат меѓусебе во финалето, па така ќе биде познат последниот патник во Серија А, каде директно се пласираа Емполи и Салернитана.

Реваншите се играат на 20. мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни