Поврзете се со нас

Италија

Лече го објави името на новиот тренер

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Роберто Д’Аверса ја загуби контролата на дуелот меѓу Лече и Верона, а неговиот физички контакт со противнички фудбалер го чинеше и отказ во Лече.

Италијанскиот тим неочекувано мораше да назначи нов предводник од клупата, а изборот на раководството паднал на Лука Готи.

Искусниот стручњак се враќа во Серија А по кратка пауза, а главна цел ќе му биде опстанок за Лече во првата италијанска лига.

Опстанокот е и главен услов за Готи да добие продолжување на договорот, а тој досега ги предводеше Специја и Удинезе.

Уште на првиот натпревар, Готи и Лече ќе влезат со императив за победа, бидејќи играат против фенерџијата Салернитана. Лече има 11 бодови повеќе од составот од Салерно, но затоа е само еден бод над опасната зона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни