Поврзете се со нас

НБА

Леброн за Торонто: Тие се шампиони со причина, медиумите…

Објавено

на

blank

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс загуби од Торонто Репторс со 107-92 во мечот кој рано утрово се одигра во Орландо, меч по кој Леброн Џејмс имаше само комплименти за играта и тоа што тимот од Канада го прави во последниве години.

Џејмс смета дека медиумите го потценуваат шампионот откако Каваи Ленард замина во ЛА Клиперс, но според „кралот“ ова е екипа која има материјал за да го задржи тронот во НБА лигата.

-Торонто е одличен тим, тие ја освоија титулата со причина. Не беше само поради Ленард и тоа го гледате. Имаат две чудовишта како Лаури и ВанВлит кои го поставуваат темпото. Нивните крила Сиакам и Ануоби се одлични. Имаа искуство на центарската линија во Гасол и Ибака и потоа добија еден куп комплементарни момци. Затоа тие беа тимот кој е цела година, -истакна Леброн и додаде:

-Медиумите не им даваат толку заслуги откако Ленард си замина, но играчите знаат каков тим се, -заврши лидерот на „езерџиите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни