НБА
Леброн за првата средба со Џордан: Тој беше како црниот Исус Христос, не верував…
Мајкл Џордан одново се врати на големата кошаркарска сцена со документарецот „Последниот танц“ со што потсети зошто за најголемиот дел од јавноста, фановите е најдобриот играч во историјата на овој спорт.
Споредби имало и ќе има во иднина, а еден од играчите кој често е споредуван со Ем-Џеј е ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс. Џејмс се уште е активен и ќе видиме до самиот крај како ќе се одвива, заврши неговата кариера, но во меѓувреме „кралот“ откри како се чувствувал, како минала првата средба со неговиот голем идол.
-Кога за првпат го запознав Мајкл Џордан, не можев да поверувам дека е тој. Човекот изгледаше како Исус Христос. Тој за мене беше црниот Исус Христос, никој не може да ми каже нешто друго. Не верувам дека Мајкл е реален. Мислев дека живее само на ТВ, низ натпреварите, рекламите или на касетите „Дојде летај со мене“ (‘Come Fly With Me’), -вели Леброн кој смета дека одлично би се разбирал со Џордан на теренот.
-Јас лично, начинот на кој ја играм играта-тимот на прво место-мислам дека со моите најдобри карактерстики би функционирал соврешено со Мајк. Џордан е „убиец“. Кога е во прашање кошарката, начинот на кој давеше кошеви, потоа мојата способност за додавање, мојата способност за читање на играта.
-Ги видов работите што Пипен ги правеше со Мајк. Мислам дека ќе беше на друго ниво. Пип беше еден од моите омилени играчи. Ќе беше друго ниво со мене во таа ера на Чикаго, -порача Џејмс.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 22 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 20 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 21 час
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)