Поврзете се со нас

НБА

Леброн за последното засилување на Лејкерс: Многу сум среќен што се врати!

Објавено

на

Составот на Лос Анџелес Лејкерс додаде уште едно познато име во ростерот за престојната сезона, плејмејкер кој скоро една деценија настапува во НБА лигата-тоа е германскиот репрезентативец Денис Шредер.

Најголемата германска ѕвезда повторно ќе го носи дресот на Лејкерс

Шредер е најдобриот играч на Германија на 41. Европско првенство, а додека се уште траа борбите тој го реши клупското прашање и се врати во екипата за која настапуваше во сезоната 2020/2021.

Во Лејкерс имаше добри настапи, но потоа одби 80 милиони долари за продолжување на соработката по што преку Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс одново стигна во Лос Анџелес каде за една година ќе заработи 2,6 милиони долари.

Пресреќен поради камбекот на Шредер во Лејкерс беше Леброн Џејмс кој се огласи на социјалните мрежи:

-Да, господине! Многу сум среќен што се врати. Ти си таков! ЛФГ, -напиша „кралот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни