Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Леброн во живо го проследи финалето во НФЛ лигата, еден навивач имаше посебно барање до него (ВИДЕО)

Објавено

на

Финалето во НФЛ лигата меѓу Лос Анџелес Ремс и Синсинати Бенгалс беше во фокусот на спортската јавноста, особено американската за кого овој настан, меч или популарниот „Супер-бол“има посебно значење и секогаш предвизикува огромен интерес.

Спектакл во Лос Анџелес: Ремс преку драма до втора титула во НФЛ (ВИДЕО)

Трофејот го освои Лос Анџелес Ремс со резултат 23-20 и тоа откако направи пресврт со оглед на тоа што противникот водеше со 20-13. На трибините имаше многу познати личности, а меѓу нив беше и ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс кој е голем љубител на американскиот фудбал.

Џејмс му се израдува на успехот на тимот од Лос Анџелес, но притоа имаше и една интересна ситуација со фан кој го препозна. Навивачот на Синсинати разговараше со својата мајка, па побара од „кралот“ да ја поздрави што и се случи со што изнуди насмевки кај присутните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни