Поврзете се со нас

НБА

ЛеБрон ужаснат од националните медиуми, најави бојкот на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

Леброн Џејмс има над 200 милиони следбеници на социјалните мрежи „Икс“ и „Инстаграм“, но како што најави самата ѕвезда на Лејкерси, во блиска иднина нема да биде активен.

Ова е еден знак на бојкот од една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, сето тоа како последица на лошото известување од националните спортски медиуми, кои според него воглавно ги покриваат само негативните случувања во американскиот спорт.

Леброн во совјата последна објава на „Икс“ го сподели известувањето на Рич Клајман, долгогодишниот агент на Кевин Дурент.

– Со оглед на количината на омраза и негативност во денешниот свет, ме збунува тоа што некои национални спортски медиуми и натаму мислат дека најдобар начин за известување е да се покрие спортот од негативен агол. Мене ми изгледа бесмислено да одговорам на такви работи, – гласи објавата на Рич која ја поздрави ЛеБрон.

Ветеранот ја сподели оваа објава и самиот се надополни во продолжение, најавувајќи дека ќе апстинира од социјалните мрежи во догледно време.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни