НБА
ЛеБрон: Среќен сум што ќе го имам Дончиќ крај себе, но….. (Видео)

НБА лигата и американските фанови се уште не можат да поверуваат дека Далас се ослободи од Лука Дончиќ и го трејдуваше во Лос Анџелес Лејкерс, тим кој рано утрово за првпат на својата клупа го имаше фантастичниот словенечки кошаркар.
Дончиќ од клупата ја гледаше победата на неговите нови соиграчи во дуелот со ЛА Клиперс, а иако не играше, мора да се напомене дека режисерот доста често го ставаше Словенецот во прв план додека седеше на клупата.
Тоа овозможи да бидат уловени неколку негови реакции по поени на ЛеБрон Џејмс, кој инаку како најголема ѕвезда на Лејкерс конечно реши да проговори за фамозниот трансфер.
– Ќе биде специјално што ќе го имаме Дончиќ со нас, знам дека многу погледи сега ќе бидат свртени кон нас. Нашиот офанзивен капацитет сега ќе биде многу подобар, моја и негова цел ќе биде да го водиме тимот напред.
– Лука е фантастичен и голем играч, има само 25 години и се уште не го достигнал врвот на кариерата. Досега направи неверојатни работи во нашата лига и среќен сум што ќе го имам Лука крај себе. Лос Анџелес е среќен, но мора да признаам дека се ова се уште изгледа нереално за мене, – изјави ЛеБрон.
LEBRON AND-1 TO CLOSE OUT A 73-PT HALF FOR THE LAKERS!
And Luka is LOVING it 👀 pic.twitter.com/Pkuo3AXd1U
— NBA (@NBA) February 5, 2025
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)